|
Средба со министерот за образование, Панче Кралев и ректорот на Универзитетот Св. Кирил и Методиј, Велимир Стојковски
|
|
Вторник, 28 Февруари 2012
|
|
|
Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, денеска го прими министерот за образование и наука на Република Македонија, м-р Панче Кралев и ректорот на Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“, д-р Велимир Стојковски.
Главна тема на средбата беше статусот на лекторатите по македонски јазик во светот. Претседателот Иванов, министерот Кралев и ректорот Стојковски разговараа за актуелните состојби со лекторатите и потребата од изнаоѓање решенија кои ќе овозможат не само непречено работење, туку и унапредување на овие институции кои се од особено значење за развивањето и промоцијата на македонскиот јазик и култура.
Претседателот Иванов на средбата истакна дека е потребно да продолжи и да се засили поддршката за постоечките лекторати по македонски јазик, и да се бараат можности за отворање нови. По изработката на предлог-решенијата за лекторатите, ќе биде одржан уште еден состанок по што предлогот ќе биде процесуиран преку надлежните институции.
|