| Честитка до косовската претседателка Јахјага по повод Денот на независноста на Република Косово | |
|
|
Ми претставува особено задоволство, по повод Денот на независноста на Република Косово, во свое име и во име на граѓаните на Република Македонија, да Ви упатам срдечни честитки и искрени желби за просперитет на Вашата држава и благосостојба на нејзините граѓани. Дозволете ми, во оваа свечена пригода, да го изразам задоволството од високиот степен на пријателски односи и соработка меѓу нашите земји. Уверен сум дека соработката меѓу нашите две земји не само што ќе продолжи, туку во наредниот период и ќе се интензивира во сите области од заемен интерес. Сакам да ја нагласам нашата целосна подготвеност на тој план. Со искрени желби за Ваша натамошна успешна работа, лична среќа и добро здравје, Ви ги упатувам, Ваша Екселенцијо, изразите на моето високо почитување.
|
Претседателот на Република Македонија д-р Ѓорге Иванов испрати честитка до претседателката на Косово, г-а Атифете Јахјага, по повод Денот на независноста на Република Косово:










