|
Честитка до српскиот претседател Тадиќ по повод Денот на државноста на Република Србија
|
|
|
Претседателот на Република Макеоднија д-р Ѓорге Иванов, по повод Денот на државноста на Република Србија испрати писмо со честитки до неговиот српски колега, претседателот Борис Тадиќ:
Срдечно поздравувајќи Ве, дозволетe ми, во мое име и во име на граѓаните на Република Македонија, да Ви упатам најсрдечни честитки по повод Денот на државноста на Република Србија. Воедно, примете ги моите најискрени желби за натамошен просперитет и благосостојба на Вашата држава и нејзините граѓани.
Сакам да Ве уверам дека, свесни за заедничкото минато, остануваме верни на заедничкиот стремеж кон европските вредности како темел врз кој се гради нашата европска иднина, но и цврстото и нераскинливо пријателство на српскиот и македонскиот народ.
Убеден сум дека постојаното продлабочување на билатералната и регионалната соработка меѓу нашите две пријателски земји е во полза на успешното остварување на европските определби и претставува исклучително позитивен пример во регионот и пошироко. Сигурен сум дека соработката меѓу Република Македонија и Република Србија не само што ќе продолжи, туку во наредниот период и ќе се интензивира. Сакам да ја нагласам нашата целосна подготвеност на тој план.
Со такво уверување и со најискрени желби за Ваша натамошна успешна работа, добро здравје и лична среќа, Ви ги упатувам изразите на моето највисоко почитување. д-р Ѓорге Иванов
|