| Сочуство од претседателот Иванов до косовската претседателка Јахјага за жртвите во снежната лавина | |
|
|
Со длабока тага ја примив веста за снежната лавина во селото Рестелица, и искрено жалам за загубените животи во оваа голема трагедија. Во овие тажни моменти за Вас, за граѓаните на Вашата земја и семејствата на настраданите, дозволете ми, од името на граѓаните на Република Македонија и од мое лично име, да Ви упатам изрази на длабоко сочувство. Во овие моменти на тага, нашите молитви се со Вас и семејствата на настраданите. Ве молам, Ваша екселенцијо, изразите на длабоко сочувство да ги пренесете до семејствата на трагично настраданите. д-р Ѓорге Иванов
|
Претседателот на Република Макеоднија д-р Ѓорге Иванов, испрати писло со сочувство до претседателката на Република Косово, Атифете Јахјага, по повод загубата на човечките животи во снежната лавина која се случи во косовското село Рестелица:










