| Српскиот претседател Тадиќ доби подарок македонски дрес - средба Иванов-Тадиќ во Белград | |
|
|
Претседателот Иванов упати честитки до својот српски колега за беспрекорната организација на Европското првенство во ракомет, изразувајќи очекување на претстојниот натпревар помеѓу репрезентациите на Македонија и Србија да се покаже фер игра и да победи подобриот. Двајцата соговорници изразија задоволство од ефектите од неодамнешната официјална посета на претседателот Тадиќ на Република Македонија. Заедничка е оценката дека зачестените средби и личните односи меѓу двајцата претседатели, како и заедничката определба за европска иднина, стабилност и просперитет на регионот, мошне позитивно влијаат на зајакнување на добрососедските односи и максимизирање на соработката во сите сфери. Претседателите Иванов и Тадиќ уште еднаш го потврдија ставот за приоритетно посветување на економијата, на енергетските и инфраструктурните поврзувања. На средбата, двајцата претседатели разменија и мислења и информации за состојбите во регионот. Претседателот Иванов изрази надеж за забрзано интегрирање на регионот во Европската унија, како и подготвеност за идна соработка и помагање меѓу двете земји во процесот на пристапување кон ЕУ, искористување на европските фондови и размена на искуства.
|
Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, кој денеска отпатува во Белград да го проследи ракометниот натпревар меѓу репрезентациите на Македонија и Полска, оствари работна средба со претседателот на Република Србија, Борис Тадиќ.










