| Претседателот Иванов телефонски му честита на новоизбраниот бугарски претседател Плевнелиев | |
|
|
Двајцата претседатели се согласија дека добрите односи и соработката меѓу двете земји и натаму ќе продолжат со несмален интензитет, и се заложија за активен и конструктивен заемен ангажман кој ќе приоднесе кон таа цел. Иванов и Плевнелиев разговараа и за заедничките цели на Македонија и Бугарија, пред сè во поглед на стабилноста и просперитетот, како и за ЕУ и НАТО перспективите на целиот регион. Претседателот Иванов изрази надеж дека Република Бугарија ќе продолжи да ја поддржува Република Македонија во европските и евро-атланските интеграции како и досега, особено во периодот непосредно пред Самитот на НАТО во Чикаго. Македонскиот и бугарскиот претседател се согласија што поскоро да остварат средба на која лично ќе ги разменат своите позиции, идеи, како и конкретните предлози за регионална соработка на планот на економијата, енергијата, инфраструктурните проекти и поврзувања.
|
Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, денеска во телефонски разговор му честита на новоизбраниот претседател на Република Бугарија, Росен Плевнелиев, за изборот и преземањето на должноста, посакувајќи му многу успеси во извршувањето на одговорната должност.










