| Честитка до претседателот Ху Џинтао по повод Кинеската Нова година | |
|
|
Ваша Екселенцијо, Ми претставува особена чест и задоволство, во мое име и во име на граѓаните на Република Македонија, да Ви ја честитам Кинеската Нова година, со најискрени желби за успешна и бериќетна година и благосостојба на пријателскиот кинески народ. Дозволете ми и во оваа свечена пригода да го изразам своето уверување дека одличните односи и соработката меѓу Република Македонија и Народна Република Кина кои ги красат искрено пријателство, меѓусебна доверба и разбирање, ќе продолжат да бележат успешен развој и ќе бидат збогатени со нови содржини, за што ја повторувам нашата целосна подготвеност. Почитуван господине Претседателе, на крајот, сакам уште еднаш да Ве уверам дека граѓаните на Република Македонија и јас, лично, секогаш ќе бидеме благодарни за принципиелната и континуирана поддршка и помош од Народна Република Кина. Со такво уверување и со најискрени желби за Ваша натамошна успешна работа, добро здравје и лична среќа, Ви ги упатувам изразите на моето највисоко почитување. д-р Ѓорге Иванов
|
Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, упати честитка до претседателот на Народна Република Кина, Ху Џинтао, по повод Кинеската Нова година:










