|
Писмо на сочувство по повод смртта на првиот претседател на Република Македонија, Киро Глигоров
|
|
Понеделник, 02 Јануари 2012
|
|
|
Претседателот на Република Македонија д-р Ѓорге Иванов со жалење ја прими веста за смртта на поранешниот претседател на Република Македонија, Киро Глигоров. Киро Глигоров беше првиот претседател на независна Република Македонија. По извршувањето на повеќе одговорни функции во поранешна Југославија, во 1991 година во македонското Собрание беше избран за претседател на Републиката. Вториот претседателски мандат го доби на изборите во 1994 година. Неговите два претседателски мандати ги одбележа етаблирањето на Македонија како независна држава. Претседателот Глигоров беше носител на Орденот на Република Македонија, прв кој го понесе највисокото македонско одликување. Во овие тешки мигови на загуба би сакал да упатам изрази на искрено сочувство до семејството на претседателот Киро Глигоров. Претседателот Глигоров доживеа да ја види Македонија како стабилна и напредна држава. Нека му е вечна слава.
д-р Ѓорге Иванов
|