|
Одликуван почесниот конзул на РМ во Јапонија со „Медал за заслуги за Македонија“
|
|
Четврток, 01 Декември 2011
|
|
|
Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов го одликуваше Почесниот Генерален Конзул на Република Македонија во Јапонија, Кијоши Мизуно со „Медел за заслуги за Македонија“, за исклучителниот придонес и несебичниот ангажман за унапредување на односите и пријателството меѓу двете земји. Одликувањето од Претседателот Иванов беше доделено на свечена церемонија во Токио од страна на амбасадорот на Република Македонија во Јапонија со седиште во Виена, Ѓорѓи Филипов. На церемонијата, организирана по повод работната посета на владината делегација на Јапонија, присуствуваа и Претседателот на Владата на Република Македонија, Никола Груевски, заменик-претседателот и министер за финансии, Зоран Ставрески, како и претставници на Министерството за надворешни работи на Јапонија и претставници на македонската дијаспора.
|