|
Средба со претставници од Бошњачката етничка заедница во Република Македонија
|
|
|
Претседателот на Република Македонија д-р Ѓорге Иванов денеска прими претставници од Бошњачката етничка заедница во Република Македонија, предводени од г-дин Авдија Пепиќ, во пресрет на утрешниот Меѓународниот ден на Бошњаците.
На средбата се разговараше за придонесот на Бошњачката етничка заедница во Република Македонија како значаен сегмент во физиономијата на државата како мултиетничко општество во кое толеранцијата и дијалогот како универзални вредности имаат длабока традиција.
Претседателот Иванов истакна дека како држава остануваме посветени на целта да го овозможиме развивањето и унапредувањето на бошњачката култура и традиција, како и на сите култури и традиции во Република Македонија.
|