Божиќна литургија во Соборниот храм во Скопје
Среда, 07 Јануари 2015   

Bozikna_LiturgijaПретседателот Иванов заедно со сопругата, г-ѓа Маја Иванова, денеска присуствуваа на централното одбележување на Рождеството Христово - Божик во Соборниот храм „Св. Климент Охридски", во Скопје, каде архиепископот охридски и македонски г.г.Стефан богослужеше Златоустова литургија.

- На сите верници кои денеска го слават Рождеството Христово - Божик им го честитам овој голем христијански празник и на сите нив им го посакувам сето она што го посакувам за себе и за своето семејство-многу радост, среќа, успех во животот, во нивните домови да има спокој и мир и да има просперитет и успех. Како што празниците не обединуваат и како овие празнични денови сме сите заедно посакувам во текот на целата година да бидеме сите заедно и да има многу успех и просперитет во целата наша држава, истакна претседателот Иванов.

На бадниковата вечер, паричката се падна во домот на Иванови.

  Back<<Назад