Државниот врв на божиќен ручек кај поглаварот на Македонската православна црква - Охридска Архиепископија, г.г Стефан
Петок, 09 Јануари 2015   


bozikenrucek2015bozikenrucek2015_1
Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, денеска присуствуваше на традиционалниот божиќен ручек што поглаварот на Македонската православна црква - Охридска Архиепископија, г.г. Стефан го приреди за државниот врв по повод празнувањето на Св. Стефан и трет ден Божиќ.

Божиќниот ручек се одржа во резиденцијата на Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан, а покрај претседателот Иванов, присутни беа и претседателот на Собранието, Трајко Вељаноски, и премиерот Никола Груевски.

На свечениот ручек присуствуваа и дел од членовите на Светиот синод на МПЦ.


  Back<<Назад