Средба со европратениците Ричард Ховит и Иво Вајгл
Четврток, 04 Декември 2014   

hovit_i_vajgl1Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, денеска оствари средба со досегашниот и со идниот известувач на Европскиот Парламент за Република Македонија, г. Ричард Ховит и г. Иво Вајгл.

Претседателот Иванов, изрази благодарност до г. Ховит, за неговиот досегашен личен ангажман и придонес во развојот на целокупните односи и соработка меѓу Република Македонија и Европската Унија, и за неговата улога во спроведувањето на реформите и напредокот во однос нашите европски интеграции, како известувач на ЕП за РМ.

Македонскиот претседател истакна дека Европскиот Парламент, како носител на волјата на граѓаните во Европската Унија, е постојан пријател на Република Македонија и силен поддржувач на нашите евро-интегративни процеси.

Претседателот Иванов, потенцираше дека Република Македонија останува цврсто посветена на исполнувањето на сите реформи за реализација на стратешките цели и определби за членство во Европската Унија и НАТО, дополнувајќи дека поддршката од Европскиот Парламент е од особено значење.

Претседателот Иванов посакувајќи му успех на г.Иво Вајгл, во извршувањето на новата должност како иден известувач на ЕП за РМ, изрази очекување за силен и проактивен ангажман како придонес кон достигнувањето на крајната цел – полноправно членство во ЕУ.

Г. Вајгл ја истакна својата целосна поддршка за нашите европски интеграции и додаде дека ќе ги вложи сите свои напори за членство на Република Македонија во Европската Унија.
hovit_i_vajgl_2

  Back<<Назад