| Посета на Општина Кочани | |
|
|
Претседателот Иванов го посети подрачното ОУ „Раде Кратовче“ во село Нивичани, Кочанско, кое неодамна беше реновирано и во кое наставата во оваа учебна година ја следат 36 ученика. Присуствуваше и на донирањето на 1.000 лектирни изданија што градоначалникот Ратко Димитровски ги подари на училишната библиотека. Македонскиот Претседател го посети и манастирскиот комплекс „Свети Пантелејмон“ во село Пантелеј, граден во 1871 година со богат фонд на икони и фрескоживопис работени од зографот Димитрија Андонов Папрадишки. Во рамките на посетата на Кочани, Претседателот Иванов одржа предавање пред студентите на Правниот факултет во овој град, а потоа во библиотеката „Искра“ ја посети изложбата под наслов „Кочанските стари згради го чуваат минатото“, организирана во рамките на манифестацијата „Денови на кочанскиот ориз 2010“.
|
Претседателот на Република Македонија д-р Ѓорге Иванов денеска престојуваше во работна посета на општина Кочани, на која оствари средба со градоначалникот Ратко Димитровски кој го информираше за реализацијата на актуелните проекти во општината.










