|
Спортски Бон-Тон во општина Маврово и Ростуше
|
|
Четврток, 02 Октомври 2014
|
|
|
Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, како покровител на проектот „Традиционални спортски игри (Спортски Бон-Тон)" денеска присуствуваше на спортско-културната манифестација во општината Маврово и Ростуше.
Целта на проектот е да се промовира Спортски Бон-Тон како модел на интегрирање на децата од школска возраст во системот на спортување, дружење, играње и нивно меѓусебно запознавaњe со нивните традиции, култури и обичаи.
Проектот „Традиционални спортски игри (Спортски Бон-Тон)" се реализира преку спортско-културни манифестации во општините Велес, Карпош, Маврово и Ростуше, Ново Село, Охрид и во Свети Николе.
|