Средба на претседателот Иванов со претставници на Националниот американско албански совет
Недела, 28 Септември 2014   

PRMПретседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, во Њујорк одржа средба со претставници на Националниот американско албански совет.

На средбата се разменија мислења за актуелните политички состојби во Република Македонија, за состојбата во евро-атлантските интеграции, за меѓуетничките состојби, како и за состојбите во регионот.

Претседателот Иванов побара засилен ангажман и лобирање од Националниот американско албански совет во насока на деблокада на евро-атлантските интеграции, како и насочување на капацитетите кон изградбата на просперитетна и економски развиена Република Македонија. Претставниците на Националниот американско албански совет изразија поддршка за таквиот концепт за развој и ги поздравија напорите за создавање економски просперитетна држава.

На средбата, претседателот Иванов истакна дека сите треба да вложуваат максимални напори за негување и унапредување на македонскиот модел на соживот и традиција на почитување на различноста. Во тој дух, македонскиот претседател повика на единство и сплотеност на иселениците од Република Македонија, без разлика на нивната етничка или верска припадност.

  Back<<Назад