|
Честитка до Претседателот Перес по повод Еврејската Нова Година
|
|
Вторник, 07 Септември 2010
|
|
|
По повод одбележувањето на Еврејската Нова Година, Претседателот на Република Македонија д-р Ѓорге Иванов испрати поздравна порака со следниот текст до Неговата Екселенција Шимон Перес, Претседател на Израел: Почитуван господине Претседател. Со особена чест и задоволство, од името на граѓаните на Република Македонија и од свое лично име, Ви го честитам големиот празник Рош Хашана и одбележувањето на почетокот на 5771 година, посакувајќи Ви претстојната година да биде исполнета со радост, среќа, здравје, благосостојба и меѓусебно почитување. Со искрени желби за лична среќа и добро здравје, Ви ги упатувам, почитуван Претседaтeле, изразите на моето највисоко почитување. Shana Tova. д-р Ѓорге Иванов
|