Честитка до Претседателот Перес по повод Еврејската Нова Година
Вторник, 07 Септември 2010   

По повод одбележувањето на Еврејската Нова Година, Претседателот на Република Македонија д-р Ѓорге Иванов испрати поздравна порака со следниот текст до Неговата Екселенција Шимон Перес, Претседател на Израел:
Почитуван господине Претседател. Со особена чест и задоволство, од името на граѓаните на Република Македонија и од свое лично име, Ви го честитам големиот празник Рош Хашана и одбележувањето на почетокот на 5771 година, посакувајќи Ви претстојната година да биде исполнета со радост, среќа, здравје, благосостојба и меѓусебно почитување.
Со искрени желби за лична среќа и добро здравје, Ви ги упатувам, почитуван Претседaтeле, изразите на моето највисоко почитување.
Shana Tova.
д-р Ѓорге Иванов

  Back<<Назад