Претседателот Иванов присуствуваше на одбележувањето на христијански празник Св. Атанасиј Велики во Тетово
Петок, 31 Јануари 2014   

tetovoПо повод одбележувањето на големиот христијански празник Св. Атанасиј Велики, претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов денеска ја посети црквата „Св. Атанасиј" во Тетово.

Во црквата, митрополитот на Тетовско-гостиварската епархија господин Јосиф одржа света божествена литургија во сослужение на повеќе свештеници од тетовското архиерејско намесништво на МПЦ – ОА.

Воедно, беше одржана и церемонија на осветување на празничниот колач, а потоа беа избрани кумовите за идната година. Претседателот Иванов на многубројните верници им го честита празникот Св. Атанасиј Велики и им посака здравје, радост и бериќет.

Во црквата на тетовското Кале која датира од крајот на осмиот век, традиционално се прославува христијански празник Св. Атанасиј Велики. Старешината на манастирот прота Дарко Наумоски го истакна неговото значење и потребата да продолжи оваа црковно-народна традиција.

Според различни историските извори, црквата „Свети Атанасиј" претставува еден од најстарите христијански црковни споменици во овој дел од Македонија.

tetovo1

  Back<<Назад