Средба со професори и студенти од студиската програма по српски јазик при Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје
Понеделник, 27 Јануари 2014   

studenti0Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, по повод празникот Свети Сава, денеска прими професори и студенти од студиската група по српски јазик и книжевност, во рамките на Катедрата за македонски јазик и јужнословенски јазици при Филолошкиот факултет „Блаже Конески" во Скопје.

На средбата беа разменети мислења за состојбата со српскиот јазик и српската култура во Република Македонија. Воедно, соговорниците го запознаа претседателот Иванов, со досегашната активности и функционирањето на студиската група, нивните идни планови и предизвиците со кои се соочуваат дипломираните студенти.

„Прв пат нашите студенти официјално се примени од Претседателот на Република Македонија и мислам дека ова беше една прекрасна прилика студентите да се запознаат со Претседателот и можност да разменат мислење", рече проф. д-р Александра Саржоска продекан на Филолошкиот факултет.

„Навистина е огромна чест да се присуствува кај Претседателот и да се разговара со него за сето она кое ни се случува на факултетот и со образованието. Уште поголема чест е што не прими токму на празникот Свети Сава, не сослуша, и добивме совети што навистина се од големо животно значење", истакна Маријана Димовска студент од студиската група по српски јазик и книжевност.

Групата за српски јазик и книжевност е основана во 2007 година, на иницијатива на членовите на катедрата, и досега се запишани три генерации студенти.

studenti1

  Back<<Назад