Церемонија на свечена промена на државното знаме
Петок, 13 Декември 2013   

znameВо Кабинетот на Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов , денеска се одржа церемонија на свечено менување на државното знаме.

На церемонијата, покрај претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, присуствуваа ученици од ОУ „25 Мај", ОУ „Кирил Пејчиновиќ "и ОУ „Крсте Мисирков " од Скопје.


Промената на државното знаме на Република Македонија пред Кабинетот на Претседателот на традиционален начин го изврши гардиската единица на Армијата на Република Македонија.

Манифестацијата на промена на државното знаме е со цел подигнување на чувството и почитта кон знамето на Република Македонија како репрезент и симбол на државноста на нашата земја.

zname1

  Back<<Назад