Писмо на благодарност од Претседателот на САД Барак Обама
Четврток, 22 Јули 2010   

Претседателот на Соединетите Американски Држави Барак Обама упати писмо до Претседателот на Република Македонија д-р Ѓорге Иванов, во кое изразува благодарност за честитката упатена од македонска страна по повод 4 јули, Денот на независноста на САД. Следи текст на писмото –
Драг Претседателе. Додека американскиот народ ја празнува 234 годишнина од независноста на Соединетите Американски Држави, сакам да Ви се заблагодарам за Вашиот љубезен израз на честитки и добри желби.
Идеалите врз кои е заснована Америка - демократијата, слободата и достоинството, остануваат еднакво релевантни денес како што биле и во 1776 година. Моја надеж е дека овие идеали еден ден ќе бидат уживани и славени од страна на народите од целиот свет.
Со почит
Барак Обама

  Back<<Назад