|
Претседателот Иванов во посета на Гевгелија и Дојран
|
|
Четврток, 07 Ноември 2013
|
|
|
Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, денеска престојуваше во посета на општините Гевгелија и Дојран.
Во рамки на посетата на Гевгелија, македонскиот претседател присуствуваше на прием, организиран по повод 7 Ноември – Денот на Општина Гевгелија, и го посети претпријатието за производство и трговија со земјоделски производи „Баџо" – Богданци, како и компанијата Техноалат – ХИНА која се занимава со преработка и конзервирање на овошје и зеленчук.
Претседателот Иванов беше информиран за активностите на овие компании и беше разговарано за актуелните прашања и предизвици на компаниите од преработувачкиот сектор во земјоделието.
При посетата на Дојран, претседателот Иванов присуствуваше на презентација на можностите за инвестирање во оваа општина.

|