Средба на претседателот Иванов со г. Вадим Воробјов, заменик-претседател на нафтената компанија Лукоил
Петок, 25 Октомври 2013   

lukoil1Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, денеска го прими г. Вадим Воробјов, заменик-претседател на нафтената компанија Лукоил, кој учествува на 7-та сесија на Мешовитиот комитет за економска и трговска соработка меѓу Република Македонија и Руската Федерација.

На средбата претседателот Иванов изрази благодарност за посветената работа на компанијата и ширењето на бизнисот во Република Македонија.

„Реформите на Владата на Република Македонија за привлекување на странски инвестиции, поволности и бенефити за странските инвеститори, како и присуството на Лукоил во Република Македонија се добра промоција за привлекување на други руски долгорочни инвестиции во нашата држава", рече претседателот Иванов.

Г-дин Воробјов го информираше претседателот Иванов за бизнис плановите на компанијата, поточно за одлуката Лукоил да продолжи да се развива во Република Македонија во наредниот период. Воедно, посетата и учеството во работата на 7-та сесија на Мешовитиот комитет и средбите со владините претставници ќе бидат искористени и за испитување на можностите за инвестиции во енергетиката. Заменик-претседателот на Лукоил ја нагласи подготвеноста за натамошна соработка со Република Македонија.

lukoil2

  Back<<Назад