Средба со претседавачот на Сенародниот конгрес на Сичуан, Ванг Донгминг
Среда, 23 Октомври 2013   

dongmingПретседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, во рамки на својата работна посета на Народна Република Кина, во Ченгду имаше средба со г-дин Ванг Донгминг, претседавач со Сенародниот конгрес на провинцијата Сичуан.

На средбата беше реафирмирана подготвеноста за поинтензивна соработка помеѓу Република Македонија и провинцијата Сичуан. Г-динот Донгминг го запозна претседателот Иванов со достигнувањата на Сичуан на економски план, како и со плановите за наредниот период.

Претседателот Иванов го информираше соговорникот за конструктивната средба со кинескиот претседател Си Џинпинг и ја реафирмираше подготвеноста за продлабочување на економската, културната, образовно-научната, соработката во медицината, запознавајќи го со напорите што Владата на Република Македонија ги прави за подобар инвестициски амбиент. Г-динот Донгминг изрази задоволство што претседателот Иванов, покрај учеството на економскиот форум во Ченгду, ќе ги посети и двата универзитета, за традиционална кинеска медицина и за финансии и економија.

Во рамки на престојот во Ченгду, претседателот Иванов ја посети и базата на компанијата за производство на автомобилите Волво, Geely Automobile Holdings Ltd.

geely

  Back<<Назад