|
Г-ѓа Маја Иванова и синот Иван Иванов учествуваа на хуманитарната акција „Читај книга и подари здравје“
|
|
|
Сопругата на Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, г-ѓа Маја Иванова и синот Иван Иванов, денеска учествуваа во хуманитарната акција „Читај книга и подари здравје" во Градската библиотека „Браќа Миладиновци".
Хуманитарната акција се организира со цел опремување библиотека-игротека на Клиниката за детски болести.
Г-ѓа Иванова и синот Иван, во улога на библиотекари, зачленуваа деца во Градската библиотека „Браќа Миладиновци". Приходот од членарината е наменет Клиниката.
„Убаво е да се биде тука, во овој храм на книгата каде, во улогата на библиотекарис, со мојата мајка покажавме дека неизмерно ја поддржуваме хуманитарната и благородна акција. Младите денес се помалку читаат книги, но тоа е затоа што живееме во ера на интернет, на технолошки напредок. Мојот татко често знае да каже - ова се аудио-визуелни генерации", изјави Иван, синот на претседателот Иванов.
Вљубеник е, рече, во добрата книга и сака многу да чита.
„Би упатил апел до сите млади, пособено до моите врсници, да ги вратат своето чувство и љубов кон книгата, да останат љубопитни и гладни за многу знаења бидејќи сите пораки и тајни што ни се потребни се скриени длабоко во некоја книга", изјави Иван, синот на претседателот Иванов.

|