Претседателот Иванов на „Спортски бон-тон“ во Валандово
Вторник, 08 Октомври 2013   

valandovo1Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, денеска во својот роден град Валандово присуствуваше на спортско-културна манифестација, во рамки на проектот „Социјална и етничка интеграција преку спортот (Спортски бон-тон)". На манифестацијата учествуваа ученици од општините Валандово, Кавадарци, Росоман, Аеродром, Дебар, Центар Жупа и Теарце, кои се вклучени во проектот.

Според претседателот Иванов, децата преку проектот учат да другаруваат и да се однесуваат спортски. „Да знаат да бидат толерантни, да го почитуваат тој што победува, да му честитаат. И поразениот и победникот да бидат на исто место и да почувствуваат дека учествуваат во нешто што придонесува за јакнење на борбениот дух, бидејќи спортот е она што го челичи и телото и духот. Луѓето да можат да почувствуваат дека така треба да се однесуваат и во секојдневниот живот, да си помагаат меѓу себе, да бидат солидарни, и да ја почитуваат сета онaa различност што ја имаме како држава. Бидејќи тука доаѓаат млади луѓе од различни места од државата. Да знаат дека во Македонија има и муслимани, и христијани, и Евреи, да знаат дека има и Македонци, и Албанци, Турци, Срби, Роми, Бошњаци и Власи. Сите да го почувствуваат тој дух на младешки живот, бидејќи и ние сме биле млади и знаеме колкава ни била таа потреба да најдеме другар со кој ќе правиме тим. Како тим знаеме да победуваме и едноставно да го почувствуваат тој дух дека целиот живот е борба, дека мора да се борите. Ако не се борите, не можете ни да победите“, изјави претседателот Иванов.valandovo2Целта на проектот е промовирање на спортот како општествена активност преку која со игра, забава и дружење на децата и младите од различна етничка припадност се зацрврстуваат меѓуетничките односи во Република Македонија.

„На некој начин, за првпат, во договор со претседателот, се обидовме овде да промовираме спортски игри, коишто се подзаборавени, за кои новите генерации немаат многу познавање, едноставно да им ги покажеме на децата и со самото тоа да покажеме преку спортот дека ние можеме да ги социјализираме и да ги тргнеме од компјутерите, бидејќи денес децата по цел ден се пред компјутери, да ги извадиме на улица, да бидат заедно, да се социјализираат, да се дружат. Едноставно, тоа е пораката на Спортски бон-тон, заедно со сите авторитети, нормално со првиот авторитет во државата, претседателот Иванов, изјави Иван Анастасовски од Геостратешки институт „Глобал", носител на проектот.

„Зарем има поубаво кога децата се дружат тука. Основата е дека децата треба да се тргнат од компјутерите, подзаборавените игри повторно да ги исполнуваат. Ние родителите во сето тоа да им помагаме, а авторитетите да учествуваат и да ги збратимуваат овие градови“, изјави градоначалникот на општина Валандово, Николче Чурлиновски.

Денешниот настан е претпоследен од серијата спортско-културни манифестации во рамки на спроведувањето на проектот, кој ќе биде заокружен со настан во општината Аеродром.
valandovo3

  Back<<Назад