Претседателот Иванов присуствуваше на Ифтарска вечер во организација на Исламската верска зедница
Четврток, 01 Август 2013   

Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, вечерва во Скопје присуствуваше на традиционалната Ифтарска вечера во организација на Исламската верска заедница во Република Македонија.

На присутните и на сите припадници на исламската веросиповед во Република Македонија, претседателот Иванов им ги честита рамазанските пости и светиот месец Рамазан, посакувајќи им мир, љубов и разбирање и порача дека рамазанските пости го означуваат духот на вековната традиција на исламот во Република Македонија. Во нашето општество кое е многуетничко, многујазично и многурелигиско се почитуваат различностите, и таа традиција на соживот и почит треба да се негува и понатаму и со тоа да се дава пример на младите генерации, рече пред присутните претседателот Иванов.

Поглаварот на Исламската верска заедница, Реис Ул Улема Сулејман ефенди Реџепи се заблагодари за присуството на претседателот Иванов и ја поздрави воспоставената практика секоја година да присуствува на традиционалната Ифтарска вечера, оценувајќи дека ваквиот потег на Претседателот претставува почит кон исламот и кон муслиманите во Република Македонија.

  Back<<Назад