Церемонија на промена на државното знаме
Петок, 09 Август 2013   

znameВо Кабинетот на претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, денеска се одржа церемонија на промена на државното знаме. Чинот на промена на знамето беше извршен од страна на гардиската единица на Армијата на Република Македонија, во присуство на вработените во Кабинетот на претседателот на Република Македонија.

Манифестацијата на промена на државното знаме е со цел подигнување на чувството и почитта кон знамето на Република Македонија како репрезент и симбол на државноста на нашата земја.

  Back<<Назад