Претседателот Иванов присуствуваше на одбележувањето на 50-годишнината од скопскиот земјотрес
Петок, 26 Јули 2013   

zemjotres1Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, вечерва на плоштадот „Македонија" присуствуваше на презентацијата на мултимедијалниот проект „Скопје се сеќава".

Ова е централниот настан со кој се одбележа 50-годишнината од катастрофалниот скопски земјотрес.

Македонската филхармонија, актери и членови на Македонската опера и балет преку перформанси пренесоа приказни за љубовта, храброста и солидарноста – приказни од скопскиот земјотрес.

Претходно, претседателот Иванов во Музејот на Град Скопје ја посети изложбата „Скопје, 26 јули 1963".

zemjotres2

  Back<<Назад