Средба Иванов - Ердоган: Потврдени одличните билатерални односи меѓу Република Македонија и Република Турција
Среда, 27 Февруари 2013   

ErdoganБилатералните односи меѓу Македонија и Турција се  одлични, на ниво на традиционално пријателство, со сите елементи на стратешко партнерство и со уште поголем потенцијал за севкупна соработка на чие искористување треба да се работи во наредниот период.
Ова е заедничката оценка на претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов и премиерот на Република Турција,  Реџеп Таип Ердоган, што се одржа на маргините на 5. Глобален форум на Алијансата на цивилизациите.

Претседателот Иванов го запозна турскиот премиер со актуелните состојби во евроатлантските интеграции на Македонија и со предизвиците и блокадите со кои се соочува државата на тој план.

Двајцата соговорници разменија мислења и информации и за состојбите во регионот на Балканот, како и за прашања од надворешно политички интерес за двете земји.

  Back<<Назад