|
Претседателот Иванов во Кратово, по повод одбележување на празникот Св. Ѓорѓи Кратовски
|
|
|
Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов денеска присуствуваше на свеченото одбележување на празникот Свети Ѓорѓи Кратовски, патрон на градот Кратово. Претседателот Иванов, придружуван од својата сопруга, г-а Маја Иванова ја посети црквата „Свeти Ѓорѓи Кратовски“ каде што се одржа свечена литургија со која началствуваше епископот лешочки г. Јосиф. Прославата продолжи на градскиот плоштад „Павел Шатев", каде епископот Јосиф го кршеше славскиот колач и освети вода за многубројните верници. Во рамки на посетата, Претседателот Иванов се сретна со граѓаните на Кратово и ја посети Саат кулата, архитектонско ремек-дело старо околу шестотини години.

|