Претседателот Иванов на чествување на христијанскиот празник Св. Атанасиј Велики во Тетово
Четврток, 31 Јануари 2013   

По повод одбележувањето на големиот христијански празник Св. Атанасиј Велики, претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов денеска ја посети црквата „Св. Атанасиј“ во Тетово, каде што се одржа црковна литургија и церемонија на осветување на празничниот колач. Претседателот Иванов, честитајќи го празникот Св. Атанасиј Велики, на многубројните верници присутни на црковното чествување им посака празничниот ден да им донесе здравје, радост и благосостојба.

Претседателот Иванов, при денешната посета на Тетово ја посети и Народната канцеларија каде што оствари средба со студенти од овој град.

  Back<<Назад