|
Претседателот Иванов го посети бугарскиот Културно-информативен центар во Република Македонија
|
|
Понеделник, 22 Октомври 2012
|
|
|
Претседателот на Република Македонија д-р Ѓорге Иванов, во придружба на бугарскиот амбасадор во земјава, Иван Великов Петков, денеска го посети Културно-информативниот центар на Република Бугарија во Република Македонија.
Директорот на бугарскиот Kултурно-информативен центар, Димитар Христов се заблагодари за посетата на претседателот Иванов, додавајќи дека за нив истата претставува пријатно изненадување и голема чест.
Христов, кој на македонскиот претседател му презентираше дел од литературата со која располага нивната библиотека, истакна дека како институција имаат одлична соработка со Културно-информативниот центар на Република Македонија во Република Бугарија.
|