| Претседателот Иванов присуствуваше на литургија во манастирот Успение на Пресвета Богородица на Матка | |
|
|
Претседателот Иванов на сите православни верници им го честиташе празникот Успение на Пресвета Богородица. „Ова е празник кога славејќи ја Богородица ја славиме и улогата на мајката во семјеството, она што е задача на семејството, посветеноста на семејството, на своите деца и љубовта кон нив. Навистина овој празник ја одржува таа традиција на нашите верници и овие се моменти кога се потсетуваме на сето она што било во минатото и она што не очекува во иднината,“ порача претседателот Иванов. Празнувањето на Успението на Богородица е празнување на фактот дека сите луѓе се високо воздигнати во благословеноста на Христос. Овој празник е знак, сигурност и славење на исполнувањето на сите оние животи, чии души го слават Бога, посветени на слушање и одржување на Божјото Слово кое е дадено на луѓето преку Марија, преку Спасителот на светот.
|
Претседателот на Република Македонија д-р Ѓорге Иванов, по повод одбележувањето на големиот христијански празник Успение на Пресвета Богородица, денес присуствуваше на божествената литургија во истоимениот манастир на Матка, со која чиноначалствуваше Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан.










