| Официјална посета на Генералниот секретар на Обединетите нации, Бан Ки-мун на Република Македонија | |
|
|
Првиот човек на светската организација на охридскиот аеродром го пречекаа министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска, македонскиот амбасадор во САД, Зоран Јолевски, заедно со посредникот на ОН во разговорите за името Метју Нимиц. По пристигнувањето делегациите веднаш се упатија кон резиденцијалната Вила Билјана, каде што Бан Ки-мун беше пречекан од претседателот Иванов, кој во негова чест приреди свечена вечера. Генералниот секретар на Обединетите нации Бан Ки-мун оствари средба со претставници на Иванов Школа за Лидери Алумни Асоцијација (ИСЛАА). „На секоја средба со лидерите на држави, влади, министри, парламентарци ја нагласувам потребата да се направи што повеќе за младите луѓе, да се излезе во пресрет на нивните потреби и амбиции. Сведоци сме на нивната сила.. Многумина ќе речат дека младите луѓе се иднината на светот, но она што би сакал да го нагласам е дека тие се веќе лидери на денешнината“, рече меѓу другото генералниот секретар на ОН. Според него, секое отворено прашање со кое се соочува современиот свет на некаков начин е поврзано со младината.
„За реализација на каква било идеја за остварување на вашиот сон потребна е енергија, и силно лично залагање. Мојата порака во оваа прилика е да не ја штедите таа енергија, таа страст што ја поседувате. Насочете ги вашите амбиции за да обезбедите подобри услови за живеење, не само тука во Македонија, туку во целиот свет, станете граѓани на светот“, им порача Бан Ки-мун на членовите на Иванов Школа за Лидери Алумни Асоцијација (ИСЛАА). Генералниот секретар му се заблагодари на претседателот Иванов за неговото визионерство при востановувањето една таква институција како што е Школата за млади лидери.
|
Генералниот секретар на Обединетите нации, Бан Ки-мун, вечерва пристигна на аеродромот „Свети Апостол Павле“ во Охрид, со што ја започна официјалната посета на Република Македонија.
„Сите области од живеењето се поврзани со младината, во сите аспекти од животот. Искрено се надевам дека младите лидери ќе ги прошират нашите погледи, нашите хоризонти“, рече Бан Ки-мун, притоа апелирајќи до младите лидери да ги прошират своите активности за подобра иднина не само на Македонија и на Европа, туку и на целиот свет.










