| Претседателот Иванов присуствуваше на Фестивалот на пролетни веселби Хид-Бах-Сент Фест во Чалакли, Валандово | |
|
|
Фестивалот, кој се одржува секоја година на почетокот на мај, е воспоставен во 1992 година и опфаќа бројни активности - фолклор, изложби на ракотворби и фотографии, концерти, театарски претстави, традиционално пеливанско борење и фудбалски турнир. Оваа манифестација, како дел од традицијата на турското население, претставува прослава на пролетните празници, воедно промовирајќи ги турската култура и обичаи. Фестивалот го одбележува празникот Хидерлез кој го означува почетокот на новиот циклус во природата и нејзината обнова, и претставува славење на животот, од каде потекнува и мотото на фестивалот. На фестивалот Хид-Бах настапија повеќе уметнички друштва од Македонија, Турција, Бугарија, Романија и Грција. Оддавајќи почит кон турската култура и обичаи, претседателот нагласи дека Република Македонија е татковина на мноштво култури кои со својата посебност и карактеристики придонесуваат кон разноликото културно наследство на земјата. Турското население, кое живее на овие простори со векови, е неодвоив дел од македонската традиција на соживот и почитување, придонесувајќи кон богатиот културниот колорит.
|
Претседателот на Република Македонија д-р Ѓорге Иванов, го посети селото Чалакли во валандовско, каде присуствуваше на свеченото отворање на традиционалниот фестивал на пролетни веселби Хид-Бах-Сент Фест.











