| Претседателот Иванов во Охрид официјално ги отвори 15-те Македонски студентски игри | |
|
|
На годинешните 15-ти по ред студентски игри, што во организација на Студентскиот парламент при Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ традиционално секоја година се одржуваат во Охрид, учествуваат повеќе од 800 студенти. Претседателот Иванов, воедно и покровител на оваа регионална спортска манифестација, заедно со студентите на теренот го започна првиот натпревар во мал фудбал. На спортскиот собир во Охрид, покрај студентите од Македонија учествуваат и лидерите на студентите од земјите од југоисточна Европа, дел од Европската студентска унија, како и нивни колеги од земјите во регионот. И токму регионалниот предзнак е од особено значење, поради можноста за комуникација и интеракција на студентите од регионот. „Овој настан годинава е најброен, со учество на студенти речиси од сите државни и приватни универзитети од Македонија, но и гости од Европската студентска унија. Покрај спортските натпревари, во рамки на игрите годинава ќе се одржат и неколку митинзи на СЕИ-групата (South-East European Initiative) како дел од Европската студентска унија, а во која членува и Македонија,“ истакна Иван Живковски, претседателот на Студентскиот парламент на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“. На програмата на студентските спортски игри се повеќе дисциплини, од футсал, потоа кошарка, ракомет и одбојка во двете категории - мажи и жени, пинг-понг, шах, а оваа година за првпат ќе бидат промовирани и боречките спортови преку натпреварите во џудо.
|
Претседателот на Република Македонија д-р Ѓорге Иванов денес во Охрид ја прогласи за отворена најмасовната студентска спортска манифестација во државата - Македонски студентски игри „МСИ 2012“.










