| Началникот на Генералштаб Котески му реферираше на претседателот Иванов за борбената готовност на АРМ за 2011 година | |
|
|
Началникот на Генералштабот на АРМ, генерал-мајор Горанчо Котески, на редовната годишна средба му реферираше на шефот на државата и врховен командант д-р Ѓорге Иванов за борбената готовност на Армијата во изминатата година. Претседателот Иванов, од генерал Котески беше информиран за реализацијата на плановите и задачите во 2011 година, согласно функционалните области на АРМ, а кои се однесуваат на персоналниот менаџмент, заштита на силите, операциите, обуката и вежбите, логистичкото обезбедување, врските и комуникациите, и буџетирањето. На брифингот за борбената готовност на АРМ, присуствуваа и министерот за одбрана Фатмир Бесими и командантите на потчинетите команди и единици, клучниот персонал од Министерството за одбрана и началниците на организационите единици на ГШ на АРМ.
|
Претседателот на Република Македонија и Врховен командант на вооружените сили, д-р Ѓорге Иванов, денес во домот на АРМ присуствуваше на брифинг за борбената готовност на АРМ за 2011 година, како редовна обврска на Генералштабот на АРМ кон Претседателот на државата.










