Претседателот Иванов на божикен ручек кај поглаварот на МПЦ, г.г. Стефан
Понеделник, 09 Јануари 2012   

Претседателот на Република Македонија д-р Ѓорге Иванов, денес присуствуваше на традиционалниот божикен ручек, кој поглаварот на Македонската православна црква г.г Стефан го приреди за државниот врв по повод празнувањето на Св. Стефан и трет ден Божик.

На божикната трпеза во резиденцијата на архиепископот г.г. Стефан, покрај претседателот Иванов, беа присутни и претседателот на Собранието, Трајко Вељаноски, и премиерот Никола Груевски.

Покрај архиепископот г.г Стефан, на свечениот ручек присуствуваа и митрополитите Повардарски Агатангел и Брегалнички Иларион.

  Back<<Назад