| Вие создавате особена спортска историја - Поздравно обраќање за победниците на 26-тиот Охридски пливачки маратон | |
|
|
Навистина сум особено радосен што и годинава имавме учесници од сите страни на светот и што токму Охридскиот маратон беше последната трка во годинешниов календар на маратонски пливачки трки, и одлучуваше за конечниот изглед на генералниот пласман. Верувам дека Охридското езеро со прекрасните, бистри води, но и сето она што е архитектонско и културно наследство на бреговите, претставува дополнителен мотив и предизвик за вас пливачите. Несомненo, на богатато историско-културно наследство вие се надоврзувате создавајќи една особена спортска историја. Пливачкиот маратон е повеќе од спортски натпревар, тој е симбол за човековата борба со ограничувањата на сопственото тело, борба со природата и поместување на границите на издржливоста. Тој е извонредна метафора на човечкиот живот и човековиот стремеж кон подобро и поуспешно. Вие маратонците се олицетворение на цврста волја и желба за успех кој доаѓа само со долги подготовки и постојани напорни тренинзи. Ви посакувам многу здравје и успех во следните спортски натпревари и предизвици кои ве очекуваат и секако Ве поканувам, догодина повторно да се видиме на Охридскиот пливачки маратон. д-р Ѓорге Иванов
|
Почитувани,










