| Средба со амбасадорите на земјите членки на Европската унија во Република Македонија | |
|
|
На средбата се разменија мислења и информации по вчерашната пресуда на Меѓународниот суд на правдата во Хаг. Претседателот Иванов истакна дека Република Македонија бара почитување и ефективна примена на Времената спогодба, преку почитување на меѓународното право. Македонскиот претседател нагласи дека суштинското прашање во овој момент е тоа дека нема подобар начин Грција да ја демонстрира нејзината посветеност и почитување на Времената спогодба, на пресудата од Хаг, од деблокада на евро-атлантските интеграции на Република Македонија. Претседателот Иванов изрази надеж дека почитувањето и ефективната примена на Времената спогодба ќе придонесе за создавање попозитивна клима за изнаоѓање на решение во процесот што се води под покровителство на ОН за разговорите со Република Грција за разликата околу нашето уставно име.
|
Претседателот на Република Македонија д-р Ѓорге Иванов денеска ги прими амбасадорите на земјите членки на Европската унија, акредитирани во Република Македонија.











