Честитка до Бан Ки-мун за неговиот реизбор за Генерален секретар на Обединетите нации
Четврток, 23 Јуни 2011   

altПретседателот на Република Македонија д-р Ѓорге Иванов упати честитка до Генералниот секретар на Обединетите нации, Бан Ки-мун за неговиот реизбор:

Почитуван Генерален секретар,

Ми претставува особена чест и задоволство да Ви упатам најискрени честитки за Вашиот повторен избор за генерален секретар на Обединетите нации. Во оваа убава пригода, Ви упатувам искрени желби за успешно извршување на високата и одговорна функција, за многу здравје и лична среќа.

Ја користам оваа прилика да Ви упатам најискрени честитки за Вашите лични залагања и ангажмани и досегашното успешно водење на Светската организација. Довербата која Ви е повторно дадена, како и Вашите постигнувања во претходниот мандат се предуслови за успешно натамошно раководење со Организацијата на Обединетите нации. Република Македонија високо ја цени Вашата улога во унапредувањето на угледот на нашата организација, како и Вашите лични ангажмани во соочувањето со глобалните предизвици и проблеми. Сакам да Ве уверам дека во извршувањето на Вашата одговорна функција ја имате мојата целосна поддршка, како и поддршката на Република Македонија.

Со надеж дека наскоро ќе ја имам честа лично да Ви го честитам изборот, Ви ги упатувам изразите на моето највисоко почитување.                  

д-р Ѓорге Иванов
 

  Back<<Назад