| Крводарителска акција во Народната канцеларија на Претседателот Иванов | |
|
|
Алумни асоцијацијата на Иванов школата за млади лидери (ИСЛАА) и волонтерите од Народната канцеларија на Претседателот на Република Македонија д-р Ѓорге Иванов, по повод Светскиот ден на крводарителството, утре, на 16.06.2011 (четврток) со почеток од 10:00 часот организираат акција за дарување крв која ќе се реализира во просториите на Народната канцеларија во Скопје, ул. Никола Вапцаров број 6, локал број 1. Републичкиот завод за трансфузилогија ќе ја обезбеди потребната опрема и стручните лица кои ќе ја спроведат крводарителската акција. Во пресрет на летниот период кога вообичаено е да се појави недостиг од крв на клиниките, се повикуваат сите заинтересирани граѓани да се приклучат кон оваа младинска акција и да ја покажат својата хуманост преку крводарителство.
|












