Средба со Ад Хок Комисијата на Парламентарното Собрание на Советот на Европа за набљудување на изборите
Среда, 18 Мај 2011   

altПретседателот на Република Македонија д-р Ѓорге Иванов денеска прими делегација на Ад Хок Комисијата на Парламентарното Собрание на Советот на Европа за набљудување на изборите, предводена од г-дин Жан Шарл Гардето.

На средбата се разговараше за значењето на претстојните парламентарни избори во контекст на нивно спроведување согласно највисоките демократски стандарди.

Претседателот Иванов истакна дека изборите како врвен демократски чин се критериум и имаат особено значење за исполнување на нашите највисоки стратегиски цели - членство во ЕУ и НАТО. Претседателот Иванов изрази очекување за спроведување мирни, фер и демократски избори и подвлече дека какви било активности врзани за инциденти или нерегуларности на изборите ќе подлежат на најстрогиот можен институционален одговор.
 

  Back<<Назад