Честитка до г. Александар Вучиќ, по повод изборот за Претседател на Република Србија
Понеделник, 03 Април 2017   

PRMportretПретседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, упати честитка до г. Александар Вучиќ, по повод изборот за Претседател на Република Србија.

Почитуван господине Вучиќ,

Ми претставува особена чест и големо задоволство, во името на граѓаните на Република Македонија и во мое лично име,  да Ви упатам искрени честитки по повод Вашиот избор за Претседател на Република Србија, како и да Ви посакам многу успех во извршувањето на оваа одговорна функција.

Дозволете ми, во оваа свечена пригода, да го изразам моето задоволство од континуираниот развој на билатералните односи и уверувањето дека, во време на вашиот мандат како Претседател на Република Србија, заеднички ќе придонесеме за уште поуспешна и поплодна соработка на сите полиња од заеднички интерес.

Градењето на добрососедските односи, регионалната стабилност и соработката, интегрирањето во Европската унија се областите кои претставуваат приоритет за Република Македонија. Верувам во заемната подготвеност за блиска соработка со Вас на овој план, за доброто на двете држави и народи. Традиционалното пријателство, историските и особено меѓучовечките врски се огромен потенцијал што треба со заеднички напори да го ставиме во функција на зајакнување на меѓусебната доверба и  интензивирање на севкупната соработка.

Дозволете ми, господине Вучиќ, да Ви ги упатам изразите на моето највисоко почитување.

д-р Ѓорге Иванов

  Back<<Назад