Свечен ручек во чест на поранешниот Претседател Киро Глигоров
Четврток, 27 Јануари 2011   


Претседателот на Република Македонија д-р Ѓорге Иванов денеска приреди свечен ручек во чест на поранешниот Претседател Киро Глигоров, по повод 20 годишнината од неговата инаугурација за Претседател на Републиката.

Тема на разговор на средбата беше разгледување на постигнатото и успесите во изминатите две децении независна Македонија, како и на предизвиците кои се уште стојат на патот на остварување на стратегиските цели на државата. Средбата е дел од активностите за одбележување на годишнината од прогласувањето на независноста на Македонија.

  Back<<Назад