|
Честитка по повод христијанскиот празник Божик
|
|
|
 Претседателот на Република Македонија д-р Ѓорге Иванов по повод големиот христијански празник Божик упати честитка до Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан и до христијанските верници.
Ваше Блаженство,
Имам особено задоволство и чест Вам лично и на членовите на светиот архиерејски Синод, на преподобното монаштво и свештенство како и на сите православни верници, да Ви го честитам големиот христијански празник, Раѓањето Христово - Божик, и да Ви посакам во добро здравје, радост и среќа да ги поминете празничните денови.
Божик е празник кој секој христијанин го дочекува во кругот на семејството радувајќи се и славејќи го животот. И оваа година Божик нека биде инспирација сплотени со отворени срца и чиста мисла да помислиме на сите оние на кои им е потребна материјална и духовна поткрепа и безрезервно да им ја понудиме нашата помош и подршка.
Ваше Блаженство,
Токму во духот на христијанството во очи на Божик, дозволете уште еднаш да посакам во срцата на сите верници да се всели мирот и спокојството, радоста и разбирањето и да продолжиме да даруваме безусловна љубов и почит кон ближните.
Нека е честит празникот и за многу години. Христос се роди
д-р Ѓорге Иванов
|