Средба со водачите на најголемите верски заедници во Република Македонија
Четврток, 30 Декември 2010   


Претседателот на Република Македонија д-р Ѓорге Иванов денеска оствари средба со водачите на најголемите верски заедници во Република Македонија. Претседателот ја искористи можноста на своите гости, но и на сите верници во Република Македонија, да им упати желби за успех во 2011 година.

На средбата беа разгледани повеќе актуелни прашања од општествениот живот. Претставниците на верските заедници го информираа Претседателот за нивната заедничка иницијатива за уставни промени.
Претседателот ја истакна потребата во општеството да се води искрен граѓански дијалог околу сите прашања. Притоа, соговорниците се согласија дека сите учесници во дијалогот треба да го имаат предвид достоинството на носителите на различните мислења.

  Back<<Назад