Честитка до Претседателот на НР Кина г. Си Џинпинг, по повод Националниот Празник на НР Кина
Четврток, 01 Октомври 2015   


china_usПретседателот на Република Македонија д-р Ѓорге Иванов, упати честитка до Н.Е. г. Си Џинпинг, претседател на Народна Република Кина, по повод одбележувањето на Националниот празник на Народна Република Кина.

Почитуван господине Претседател,

По повод Националниот празник на Народна Република Кина, во име на граѓаните на Република Македонија и во мое лично име, Ви упатувам срдечни честитки и желби за натамошен просперитет на Вашата држава и народ.

Дозволете да го искажам моето длабоко почитување кон мирољубивата политика на Народна Република Кина, која се залага за изградба на мултиполарен свет, заснован врз принципите на толеранција и мирољубива коегзистенција, втемелена на основните вредности и принципи од Повелбата на Обединетите нации.

Република Македонија придава највисоко можно внимание во развојот и во унапредувањето на традиционалните пријателски односи со Народна Република Кина. Во тој контекст, би сакал да ја изразам мојата подготвеност за натамошна тесна соработка во насока на сестрано унапредување на односите што се негуваат меѓу нашите народи. Подготвени сме и за соработка во сите сфери од заемен интерес, како на билатерален, така и на мултилатерален план.

Почитуван господине Претседателе, би сакал уште еднаш, да Ви ги упатам изразите на моето највисоко почитување.

д-р Ѓорге Иванов

  Back<<Назад